речник контакт

Порази на велешките екипи во најквалитетните друштва

Младите одбојкари на Борец со две победи на првенството кое се игра турнирски, Златаров победи на кајак трката за ослободувањето на Велес

Петар Печков

Ракометарите на Борец продолжуваат  со лоши резултати во Супер лигата и серијата порази продолжува. Во дербито за дното, загубија од Пелистер во Битола со 25:20, полувреме  12:11. Велешани повеле со 6:3 во 15 минута  а потоа домаќинот израмнил и повел. Постојано бил во водство а ГРК Борец се заканил во 50-та минута кога намалил на 19:18. но немал можност за пресврт.   По 4 гола за велешани постигнаа Лазаревски, Мачавелов и Икономов додека голманот  Стојановски имал 13 успешни интервенции.  Така по првиот дел до првенството, по 9 кола ГРК Борец е претпоследен со две победи. На 18-ти, среда играат заостанат натпревар против екипата на Металург, која е лидер на табелата без загубен бод.  

 Екипата на   Велес во Првата футсал лига, загуби  од  трето пласираниот тим на  Шкупи во Скопје со 11:7. Така по 7-то коло велешани се најдоа на  8-то место од 10 екипи со 7 бодови, иако пред неколку кола беа втори. Во следното коло Велес дома го пречекува Хедис, кој е четврти до 12 бода. 

Фудбалерите на Борец загубија дома уверливо со 3:0 од екипата на Тиверија до Струмица, која беше послабо пласирана од велешанки. По ова коло ЖФК Борец е  седми со седум бодови и во последното коло в недела гостува на лидерот Драгон од Скопје.

Овој викенд се возеше и  кајак трка во чест на ослободувањето на Велес. Во конкуренција од 20-тина кајакари победи  Александар Златаров, член на кајак кану клубот Илинден 90 од Скопје, второпласиран беше Енис Небиовски а третото место му припадна на Џенгис Џан Небиовски и двајцата од кајак кану клубот Вардар од Велес.

Викендов започна и младинското првенство во одбојка, кое се игра турнирски. Без спонзори, младите сами собрале пари и се пријавиле за  ова натпреварување.  Домаќин на првиот турнир бил ОК Борец, кој забележал две победи, против Пробиштип и против  Волеј. И двете се со 2:0.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »