речник контакт

Порази на велешките одбојкарски тимови во борбата за титула

И Форшпед и Борец Брако загубија со идентични 3:1. По завршувањето на натпреварот во машка конкуренција, инцидент искршен дел од инвентарот во салата. Полицијата ги бара сторителите.

Петар Печков

         Екипите на  Форца Волеј во женската и Шкендија во машката одбојка се пред  освојување на годинашниве првенства, откако во Велес ги победија домашните екипи  на Форшпед и Борец Брако со по 3:1 и им треба уште една победа за да станат прваци, откако пртходно стнаа и куп победници. Двојната програма во салата на ОУ Блаже Конески траеше пет часа а заврши со интервенција на полицијата.

Одбојкарките на Форца Волеј се на прагот првенството да го звршат без пораз, откако на домашен терен во првиот натпревар  ја совладаа екипата на Форшпед со 3:1 ( 25 : 18, 22:25, 25 :14, 25 :17) и им треба уште една победа за славје. Решавачки за крајниот исход беше третиот сет, кога од 14:12 гостинките направија серија од 21:12 по што го добија сетот, велешанки се предадоа и последниот четврти беше само формалност. 

И во машкото финале подобри беа гостите, Шкендија победи со 3:1 ( 20:25, 21:25, 25:22, 15:25). По првите рамноправни два сет, третиот го добија домаќините и надеж дека е можен пресврт, но во четвртиот теточани надмоќно покажаа дека се подобри, препуштајќи само 14 поени на велешани. Ревванш средбите се играат в сабота, се игра на три добиени натпревари а  Форца Волеј и Шкендија имаат предност од 2:0.

По звршувањето на средбата помеѓу Борец Брако и Шкендија додје до инцидент, откако домашниот одбојкар Јањевиќ сакаше да тера правда со тренерот на гостите Љума,  па стана гужва на теренот. Во тој момент втрча и еден домашен навивач па мораше да реагира полицијата, која го отстрани од паркетот. Но тоа беше занк за почеток на нападот на  дел од домашните навивачи, кои со столици почнаа да фрлаат по салата. На теренот завршија 30-тина пластични столчиња а поради тензијата гостинските одбојкари од Велес си заминаа дупи по полноќ во полициска придружба.

Во салата беше и тетовскиот градоначалник Сади Беџети, кој објектот го напушти во придружба на велешкиот колега Горан Петров. Од СВР Велес информираа дека во тек се распити и идентификување на учеснците во инцидентот, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Штетата во салата на ОУ Блаже Конески од искршените столици се проценува на десетици илајди денари и од училишето ќе побараат спонзорот  на машката екипа ,,Брако,, да ја санира истата. Поради ваквото однесување на дел од навивачите, директорот најави дека  салата во ОУ Блаже Конески повеќе нема да биде домаќин на ниту еден спортски натпревар на екипите од градот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »