речник контакт

Порази на домашен терен и за фудбалерите и за фудбалерките на Борец

Лош крај на есенската полуетапа за двете велешки екипи од висок ранг

Петар Печков

 Во дербито ка колото во женската лига екипата на Борец дома загуби од екипата на Младост со 3:2. иако младите велешанки водеа со 2:1, настапија без неколку стандардни првотикмки, некои во војска, други повредени. Тоа резултираше со пораз од трето пласираната екипа на Младост. По 11 кола велешанки се на четвртото место и далеку пред првите три, и со предност пред останатите екипи  на табелата.

Машката екипа пак е поразена во дербито на дното од Втората лига,  од Руфеја со 2:0. Со овој пораз и така разочарувачката полуетапа, велешани ја завршија бедно. Малкуте помрзнати гледачи со право реагираа и прашуваа: ,,Како Борец знаеше да игра до шестото коло а потоа дали фудбалерите заборавија, или управата заборави на нив? По 15 одиграни кола Борец е трет одпозади од 16 екипи со скромно бодовно салдо до 12 бода и претстои тешка борба за опстанок во пролетниот дел.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »