речник контакт

Поранешен командиp на ПС Кавадарци спроведен на отслужување казна затвор

Се барал со потерница заради отслужување казна, изречена од Основен суд Кавадарци

Петар Печков

Кавадаречка полиција го уапсила поранешниот  командир на Полициска станица Кавадарци и го спровела на отслужување казна затвор.

Со правосилна пресуда на Основен суд Кавадарци, лицето е осудено е  на  три  и пол  години затвор, за  недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„На 11 август  полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.Т.(52 год ) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор. Осудениот бил  спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »