Петар Печков
Објавено: петок, 18 ноември 2011
Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ф.С. (59) , поранешен управител во фабриката за шински возила Велес, и С.Б. (52) поранешен шеф на комерција во фабрика за шински возила Велес, и двајцата од Велес, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба“ .
Во периодот од 2008година до 2010година, пријавените искористувајќи ја својата службена положба, јавните набавки на репроматеријали потребни за извршување ремонти на патничките и теретни вагони и коли на ЈП Македонски Железници, ги вршеле спротивно на „Законот за јавни набавки“ , односно без претходно спроведена тендерска процедура за доделување договор за јавна набавка, со што нанеле штета на Фабриката за шински возила Велес во износ од 2 537 392 денари.
Tweet |