речник контакт

Поранешниот ,,Тедико,, и должи на УЈП два милиони евра

Државта ќе ги наплаќа побарувањата од фирмата која е во стечај

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес донесено е решение дека Друштво за производство, трговија и услуги ТЕДИКО Илија ДООЕЛ во стечај од Велес   должи  износ од 119.506.964 денари на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ- УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ.  Овој долг е за период од 2000-тата од 2007-ма година, поради различни основи.

Главен долг од 91.713.598  денари по следните основи: износ од 64.623.909,00 денари побарува за неплатен данок на додадена вредност за период од 01.01.2000 година до 10.10.2007 година, износ од 7.180.669,00 денари го побарува по основ на данок на добивка од 26.11.2007 година, по основ на данок на доход од плати од 26.11.2007 година побарува износ од 11.383.300,00 денари и по основ на данок на доход од 26.11.2007 година побарува износ од 8.525.720,00 денари

На име камата побарува износ од 27.793.366  денари кој произлегува и тоа износ од 21.080.813,00 денари  поради задоцнето плаќање на ДДВ за период од 01.01.2000 година до 10.10.2007 година, по основ на камата за задоцнето плаќање на данок на добивка износ од 1.982.649,00 денари, износ од 3.257.502,00 денари на име камата за задоцнето плаќање на персонален данок од доход од плати побарува износ и побарува износ од 1.472.402,00 денари на име камата за задоцнето плаќање на персонален данок на доход по други основи

Или вкупно побарува на име главен долг износ од 91.713.598,00 денари и камата за задоцнето плаќање износ од 27.793.366,00 денари или вкупно 119.506.964,00 денари. 

Оваа сума од два милиони евра државта ќе треба да ја наплаќа од имотот на Друштво за производство, трговија и услуги ТЕДИКО Илија ДООЕЛ во стечај од Велес. Под еден мал услов ,ако има толкав имот да се продаде па државата да наплати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »