речник контакт

Поранешниот градоначалник на општина Чашка в затвор

Поранешниот градоначалник на општина Чашка, Димче Андреевски (42 год) доби 18 месеци затвор за злоупотреба на службената должност.

Петар Печков

Поранешн?от градоначалник на општина Чашка, Димче Андреевски (42 год) доби 18 месеци затвор за злоупотреба на службената должност.

Него судијката Габриела Гајдова го прогласи за виновен и освен што ќе лежи в затвор ќе треба на општината да и врати 1,5 милиони денари. Според обвинението Андреевски во периодот 2001/2 додека се градела фекална канализација во селото Мелница, иако таа не била завршена, на фирмата „Дипломат“ од Велес и платил 2,1 милион денари а било сработено за само 600 илјади денари.

Андреевски кој беше градоначалник на општина Чашка во периодот 2000-2005 се наоѓа во затвор за други две правосилни пресуди, исто за злоупотреба на службена должност, со вкупно година и половина затвор но и обврска да врати 800 илјади денари на локалната власт.

Против него општина Чашка поднесе шест кривични пријави а за дел од обвиненијата процесот сеуште не е почнат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »