Петар Печков
Објавено: среда, 11 ноември 2020
Поранешниот мотел на велешки „Интернационал “ кој се наоѓа близу Градско, беше продаден на електронско наддавање, соопштија од Општина Градско, во чија сопственост беше.
Објектот е во руинирана состојба, а го купил жител од село Водоврати, Општина Градско, за 4,17 милиони денари. Објектот го продаде локалната власт, на која Владата и го префрли во декември 2018-та. Мотелот има корисна површина од 744 м2 и опфаќа две згради.
По разговорите со новиот сопственик, од локална власт на Градско кажаа дека планирал објектот да го реконструира, да го откупи земјиштето и да развие фамилијарен бизнис, да изгради базен, камп, комплекс за одмор на патниците кои минуваат по автопатот Куманово -Гевгелија, во чија близина е мотелот.
Некогашниот мотел повеќе од 15 години е празен и пуст, менуваше сопственици и е во лоша состојба.
Tweet |