Петар Печков
Објавено: вторник, 14 април 2020
За едно деноноќие порасна бројот на лица во само изолација во Велес, но и во државниот карантин.
Според податоците на портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додески вчера во велешко имало 80 лица во самоизолација, а ден претходно 46.
Се зголеми и бројката на лица повратници кои се во државен карантин. Во хотелот „Монтенегро„„ вчера беа сместени 80 лица, а во неделата ги имало 43.
Во текот на изминатите 24 часа во велешко едно лице било откриено како го прекршува полицискиот час, и против него ќе биде поднесена соодветен пријава.
Tweet |