Петар Печков
Објавено: петок, 29 декември 2017
Два дена езерото Младост и дел од реката Вардар кај Велес беа порибувани со подмалдок на крап. Ама скришно, подалеку од јавноста. Таму беа пуштени скоро илјада килограми подмладок, што е редовна активности и законска обврска за порибување на ревирот со кој раководат членовите на Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,, од Велес,,. Езеро Младост е порибено со 500 кг а реката Вардра на две локации с о 450 кг крап.
Овој зимски дел од годината, е најдобар за да се порибува, оти тогаш рибата најдобро се прилагодува. Го сторивме после сите верски празници, за да не им текне на некои несовесни сограќани, рибокрадци да ловат риба за трпезата за Св. Никола или други слави - изјавија од ЗРС Бабуна.
Порибувањето е со сопствени средства, 400 илјади денари, кои се обезбедени од членарината од риболовците. Тие сметат дека во овој период сомот и смуѓот на езерото Младост, како риби грабливки се пасивни и нема да ја оштетат новата риба.
За разлика од претходните години, порибувањето повеќе не се покрива медиумски. Од ЗСР објаснуваат дека несовесните риболовци, веднаш по објавувањето на настанот, доаѓале на местото и ловеле од рибата. Така поголем дел од неа завршувал како улов за продажба на трепеза.
Реката Тополка, која е близу Велес,а не се порибува, оти не била под нивна концесија, објаснуваат од ЗСР Бабуна. Таму во август и септмври беше регистриран помор на риби. Спортските риболовци потсетуваат дека ако се докаже вината на тој што го предизвикал поморот, тој има и обврска да ја пориби.
фото архива
Tweet |