Петар Печков
Објавено: четврток, 25 мај 2023
Попладневниот пороен дожд кој го зафати Велес околу 15,30 ч. ги поплави улиците во нискиот дел на градот и формираше езера. Таков беше случајот кај силосите на Жито Вардар во новиот дел, кај подземниот премин кај спортската сала, кај спортската сала Благој Кирков. Тоа создаде колони возила, бидејќи сообраќајот се одвиваше отежнато.
Поради конфигурација на градот, водата од високите делови на Велес се слева во централното градско подрачје, во нискиот дел и создава проблеми.
Екипите на ЈКП Дервен, дежурни од секторот Комунална хигиена, веднаш по поројниот дожд излегоа на улиците и работат на расчистување на наносите од земја и песок. Истовремено се врши и миење на улиците.
Од Цетарот за управување со кризи, до 19ч. немаа пријави за штети од поројниот дожд.
Tweet |