Петар Печков
Објавено: среда, 01 јуни 2022
Ново невреме во Лозово. Овој пат немаше град, но силниот дожд ги поплави селата Милино и Ѓузумелци. Поради наноси од кал не беше прооден и дел од патот меѓу овие села, а струјата неколку часа била во прекин. Обилните дождови предизвикаа заматување на водата на ниво на цела општина Лозово,
Пороен дожд и поплава вечерва околу 19 часот ги зафати населените места Милино и Ѓузумелци во општина Лозово и патот меѓу нив е непрооден поради кал и вода.
Со механизација на ЈКП „Лозово“ од Лозово вчеравечер интензивнo се работело на расчистување и оспособување на патниот правец помеѓу селата Милино и Ѓузумелци.
Поради поројниот дожд, има оштетување и неколку часа прекин на електричната енергија во селото Ѓузумелци.
„Повикани се екипи на ЕВН кои треба да го
отстранат дефектот, за жителите од ова населено место повторно да добијат струја во своите домови,“ рече Бошковски.
Ова е трето невреме во Лозово за само една недела.
Tweet |