Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2015
Поројниот дожд од саботата попладне и доцна ноќта предизвика штети и во Велес. на неколку места во градот срушени се потпорни ѕидови, но и една куќа, која за среќа била ненаселена. Таа е на улица Кочо Рацин. Засега нема пресметка колку штета е предизвикано. Но среќна околност е што при рушењето на овие објекти, немало во близина луѓе , па нема повредени. Од локалната власт ја потврдуваат оваа информација.
Има повеќе потпорни ѕидови срушени, неколку оштетено и една падната куќа. Направен е увид веднаш по настанот. Со првиот работен ден од неделава започнати се активности за санација. Посебно тешка е работата на ѕидот на улица Орце Мартинов, каде местото е недостапно за механизација, па се што е паднато ќе се носи на раце. Таму е прекината комуникацијата со соседната улица Игманска - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Екипите на општината се на терен за да си лоцираат сите проблеми кои се јавија од обилниот дожд, кој во саботата го зафати Велес, како и цела Македонија.
Tweet |