Петар Печков
Објавено: четврток, 29 мај 2014
Во Друштвото на писателите на Македонија денеска на пладне, во 12 часот се одржи портрет на писателката Македонка Јанчевска. Средбата ја отвори Стојан Тарапуза, а за творештвото на Јанчевска зборуваа Игор Крајчев и Павлина Климкар Меанџиева. Програмата ја водеше Андријана Коровешовска.
Портретот на Македонка Јанчевска се одржа во рамките на програмата на Клубот на писателите за деца "Ванчо Николески" што неодамна го формира Друштвото на писателите на Македонија.
Македонка Јанчевска е доајенка на ДПМ на планот на литературата за деца. Автор е на десетина книги за најмладите и е добитник на наградите 9 Ноември" на градот Велес, каде што живее и создава, и Ванчо Николески" за најдобра книга за деца. Таа долги години ги раководеше Детстите Рацинови средби.
Tweet |