речник контакт

Портрети на Зографски изложени во народен музеј, семејството побара во негов спомен една улица во Велес да го носи името на Ѓорѓи Зографски (фото видео)

Изложени се десет дела, меѓу нив е и сликата изработена темпера на платно „Страшниот суд“ која се наоѓа во храмот Св. Пантелејмон и досега не е јавно изложувана

Петар Печков

Десетина дела на сликарот и Зограф Ѓорѓи Зографски се изложени во Велес, во Народниот музеј, во градот каде го минал поголемиот дел од на животот. 

Изложените портрети се сопственост на Народен музеј, на Гимназијата, на црквите Св. Пантелејмон, св. Спас и Св. Димитрија и една од Манче Кујунџијата.

Зографски работел и творел во првата половина на 20 век. Меѓу изложените дела е и сликата изработена темпера на платно „Страшниот суд“ која се наоѓа во храмот Св. Пантелејмон и досега не е јавно изложувана.  
 
„На изложбата се претставени дела кои се во приватна  сопственост на велешани или локални институции.  Сите дела се портрети, кој Зографски ги работел по порачка од истакнати трговци, сограѓани, кои сакале да остават трага зад себе. Ѓорги сликите ги работел од фотографии.“ - рече Елица Николовска историчар на уметноста од Народен музеј Велес.   

Три  од изложените дела меѓу нив и автопортретот на Зографски се од Панда  неговата снаа за  синот,  композиторот  на класична музика Томислав  Зографска. Таа  ја повика локалната власт да именува улица по името на Ѓорги Зографски, за неговото име да остане во сеќавање на сограѓаните.

„Драго ми е што ова изложба се поставува во Велес, пред неговите сограѓани, бидејќи споменот за него останува . За да биде целосен ја повикувам локалната власт, каде и поднесовме барање една од улиците во градот да добие име по
Ѓорги Зографски, тој тоа го заслужува“- порача Панда Зографска.

Изложбата е насловена  „Портретно сликарство“.  Изложените дела на Зографски се поставени во простор, за кој директор на Велешкиот музеј, Ангел Коруноски,  рече дека во иднина ќе биде место за други ликовни поставки. Организатор ан изложбата е Народниот музеј од Велес.

Ѓорѓи Зографски својата уметничка личност и развој ја формирал во средините во кои се движел и создавал - Македонија, Русија, Бугарија и Србија.   Роден е во велешкото село Папрадиште во 1871 година а  неговиот татко, Јаков, потекнува од Рензовско- Зографскиот род. Умрел во декември 1945 година, на 74-годишна возраст, кога бил на лекување  во скопската болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »