Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јули 2013
Рокот кој Агенцијата за вработување само го даде, да се одлучи по прашањето з а стечаен надоместок за поранешните вработени од велешка порцеланка измина, а одговор тие не добија. Поради тоа се собраа пред ПЕ во Велес барајќи решение за нивната мака. Откако тие во два наврати добија решенија од Управен суд дека фабриката во 2003-тата била во државна сопственост, 80-тина стечајни вработени барат да им се исплатува надомест за оваа категорија на невработени лица. Од Агенцијата за вработување и двете решенија и ланското и годинешното не ги прифаќаат.
И покрај најавите на директорот Поповски дека во овој месец ќе се симне прашањето за надомест, тоа не се случи. Немаше никаква средба со ниту еден функционер од бројните најавени. Споменуваат за пропустот на Владата од 2003-тата кога не се извршило запишување на акциите во државна сопственост, но тоа нас ништо не ни значи. Нечија тогашна грешка нас не чини живот. Имам впечаток дека се купува време, и дека сме во право тоа што го бараме. Ако не беше така веднаш и на прва ќе ни кажеа не ни следува надомест, вака со години си играат. Имаме трпение и ќе чекаме, и покрај лошата здравствена состојба на поголем дел од колегите . Ако преживееме ќе ги трошиме ние ако не нашите семејства – вели Ѕвонко Самарџиев претставник на некогашните вработени во Порцеланка .
Во одлучување дали на порцеланци им следи месечен надомест до пензионирање, според директорот Поповски јавно кажано на 31 мај, требаше да бидат вклучени Централен депозитар, Централен регистар, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Генерален секретаријат на Владата.
Се договоривме со екс вработените во наредниот период од месец дена конечно да се симне прашањето за надомест на овие лица. Дали е тоа позитивно или негативно ќе го прифатиме и двете страни, за да нема половични решенија со кои се вртиме во круг – изјави пред еден месец Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување.
По еден месец подоцна 80-тината некогашни вработени во Порцеланка повторно извисија, не добија ни одговор, ниту средба, ниту пари.
Tweet |