Петар Печков
Објавено: среда, 05 октомври 2022
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 07, 08 и 09.10.2022 година (петок-недела), поради реализација на традиционалната манифестација „Питијада 2022“ на локација пред Гимназијата „Кочо Рацин“, МВР и Општина Велес ќе ги преземат сите мерки за манифестацијата да помине непречено. Одделението за безбедност на патниот сообраќај Велес ќе спроведе мерки за посебен режим на сообраќајот во овој дел од градот,при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Сообраќајот по улицата „Благој Ѓорев“, на потегот од Авона до Гимнзијата,ќе биде целосно затворен, додека на потегот од театарот до поштата сообраќајотќе се одвива двонасочно, како и по улицата „Алексо Дамниевски“. Сообраќајот на улицата „Лазо Осмаков“ кај Хигиенски, ќе се одвива во еден правец, но во обратна насока од постоечкиот режим, додека улиците „Наум Наумовски“, „Кумановска“ и „Оливер Китановски“ќе бидат целосно затворени за сообраќај.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи – СВР Велес апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Tweet |