речник контакт

Посета на Германската амбасадорка на Гимназијата

Посета на класовите кои учат германски јазик

Петар Печков

Германската амбасадорка,  Гудрун Стајнакер ја посети Гимназијата Кочо Рацин  и класовите  каде се изучува германскиот јазик. учениците од 4-та и 2-ра година учествуваа во претставата, подготвена специјално за доаѓањето на Амбасадорката Стајнакер. Во продолжение учениците од 2-ра година се претставија со  малку хумор во форма на скечеви и кратки дијалози.  Не изостанаа ниту прашањата од страна на учениците од 4-та година. Едно од прашањата беше и со кои 3 клучни зборови би ја опишале Македонија? Тие одговорија дека  зборови се : срдечност, убава природа и вкусна храна. Имаше и вокали изведби на две  познати модерни германски песни.

Амбасадотката г-ѓата Срајнакер не го криеше задоволството од вниманието, но и подготвеноста , спремноста и познавањето на германскиот јазик. Воочија  дека  учениците со љубов и голем ентузијазам го изучуваат германскиот јазик. Ветија помош во форма на книги и списанија, кои би продолжиле во континуитет.

Директорот на Гимназијата „Кочо Рацин„ Гордан Стојчевски  на гостинката  и врачи пригодна плакета  со ликот на патроотн Кочо Рацин,  како знак на внимание и благодарност кон  амбасадорката Гудрун Стајнакер.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »