речник контакт

Посета на Сомборската Гимназија „Вељко Петровиќ“ по повод 150 години работа и постоење (фото)

Претставници од најстарата Гимназија во Македонија, Велешката присуствуваа на одбележување на век и половина постоење на Гимназијата во збратимениот град Сомбор

Петар Печков

Делегација од Гимназијата „ Кочо Рацин “ од Велес, престојуваше во Сомбор, Република Србија, по повод прославата на 150 годишнината од постоењето на Гимназијата „Вељко Петровиќ“ од овој град.

Сомборската гимназија големиот јубилеј го прослави со свечена академија во Народниот театар, на која прв се обрати директорот Душан Мишковиќ, а потоа и заменикот директорот Андор Сењ.

На присутните им се обрати и српскиот патријарх Порфирије, кој по повод 150 години постоење и работа ја одликуваше  гимназијата со највисокото одликување кое го доделува Српската православна црква, Орден на Св. Сава од прв ред за севкупниот придонес во образованието и просветата.

На настанот се обратија и Министерот за образование на Србија Бранко Ружич, Државниот секретар во Министерството за образование на Унгарија, Золтан Маружа како и Градоначалникот на Сомбор Антонио Раткович.

По повод јубилејот, училиштето врачи награди , благодарници и признанија на најзаслужните кои го одбележале изминатиот период на Гимназијата.

Беше изведена  пригодна претстава подготвена  учениците од драмската секција, тамбураши и хорот посветена на познатите личности кои во годините наназад биле нејзини ученици, а во холот на театарор беше поставена изложба „ Првиот век на Сомборската гимназија“ од авторот Саша Сабадош.
    
Велес и Сомбор се збратимени градови, а нашите две гимназии се повеќегодишни соработници.

Претставничките на Велешката гимназија ја искористија можноста да се сретнат со претставници на Здружението на Македонците од Западнобачкиот округ „Пела“ чија претседателка е  велешанката д-р Лилјана Соколова и  го иницираше збратимувањето на градовите Велес и Сомбор.   

Претставниците од Велешката Гимназија  Анита Смилевска, Бранка Донева, Десанка Нојкова и ученичките  Емили Митревска и Клара Арсовска, биле срдечно и топло пречекани од домаќините, со желби за поголема поврзаност и соработка на нашите две училишта и збратимените градови Велес и Сомбор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »