Петар Печков
Објавено: петок, 15 август 2008
Но, изгледа домашниот - пајонски етнички елемент бил особено силен и компактен, така што населената заедница граѓани со римско граѓанско право не успеала да се избори за колонијален статус. Тоа секако не пречело во градската агломерација, голема околу 20 хектари, да бидат издигнати сите вообичаени јавни градби што ги имал античкиот град на Римското Царство: театар и терми, аквадукт, храмови, судници итн.Во времето на владеење на императорот Октавијан Август (31 п.н.е. - 14 н.е.), Стоби најпрвин добил ранг на oppidium civium Romanorum, а нешто подоцна municipium. На реверсот на монетите исковани во Стоби стои испишано – municipium Stobensium.Античкиот град Стоби за Македонија е како Вавилон за Ирак, како Ефес и Милет за Мала Азија, како Микена за Хелада, како Кносос за Крит, Стоби е македонската археолошка приказна, македонскиот археолошки вруток, единствениот археолошки локалитет во земјава кој има исклучителна позиција за развој на туризмот и науката. Се наоѓа во срцето на Македонија и што е најважно, крај него поминува магистралата Европа-Белград-Скопје-Атина. За жал, овие потенцијали не се искористени. Локалитетот е запуштен, несреден, без инфраструктура.
Објекти како Римскиот форум во Стоби во првите векови од новата ера имало само во Рим, Помпеја, Херкуланум и уште во неколку градови во Римската империја. Објектот зафаќал површина од околу 1.000 квадратни метри, бил висок околу 15 метри и имал кат над приземјето.
И Стоби, исто како и Скупи со уште неколу наши антички градови, не бил заобиколен од варварските пробиви во 3 век. Обновениот доцноантички град, во 5 век настрадал од хунските походи на Атила, а потоа и во походот на Остроготите со водачот Теодорих, во 479 година. Христијанската заедница го ревитализирала градот на крајот од 5 век и животот течел натаму.
Меѓутоа лесно освоивливата позиција на градот, во текот на немирниот 6 век, му донесува декаденција на Стоби, а единствена светла точка е монументалната Епископска базилика.
Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко - римскиот панте?н: Аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигиеја, Телесфор... Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претсави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови. За жал, археолошките ископувања се уште го немаат откриено ликот на раноримскиот град и денес немаме репрезентативни сочувани објекти од ова време, со исклучок на две-три градби, меѓу кои се истакнува театарот.
Податоци за постоењето на најмалку два храма, ни даваат монетите што се ковале во ковачницата во Стоби. Продукцијата на монетоковањето во Стоби се одвивала во времето на цар Веспазијан (69 - 79) до царот Елегабал (218 - 222). На најраната монета, може да се препознаат претстави на Викторија - гениј на победата - и фигура на бик. Датирањето на овој таканаречен автономен тип не е со сигурност одредено.
Теодосијанска палата
Источно од улицата Виа Теодосија се наоѓа една од најлуксузните досега откриени куќи во Стоби, во која се претпоставува дека престојувал императорот Теодосиј Први, при неговата посета на Стоби во 388 година. Со оглед дека името на сопственикот на куќата, не е познато наречена е Теодисијанова палата, во спомен на посетата на императорот. Оваа градба има план на латинско L и излегува на три улици. Салата е опкружена со колони од севернаата и западнта стрна. Од источната страна е базен со осум пиедестали од мермер, украсени со спирални канелури, а врз кои стоеле откриените статуи. На северната и јужната страна од дворот се ниски платформи, секако некогаш цветни тераси. Подот во дворот е прекриен со мермерни плочи, а перистилот со мозаици.
Големта апсидална просторија, триклиниумот, која се наоѓа на јужната страна, на повисоко ниво, поплочена е во opus sectile. Останатите простории се исто така раскошно украсени. Според мозаичните површини, палатата се датира крај на 4 по~еток на 5 век.
Црквата е ранохристијанска базилика со тробродна диспозиција, позната како базилика на епископот Филип. Подигната е на вештачка тераса. Црквата е од хеленистички тип, со атриум, нартекс и ексонартекс со двојна апсида на иточната страна во која е сместена крипта. Од олтарната преграда од презвитериумот откриени се две фази на градење, како и на подовите во истиот, кои се изведени во opus sectile. Две нивоа на подови, откриени се и во јужниот брод под кои е наоѓала засводена голема гробница во која бил закопан еден епископ. Централниот брод е поделен на квадратни полиња и поплочен со мермерни плочи и од сив шкрилец во кои се интерполирани триаголници од мозаик, што претавува посебно луксузен аранжман. Нартексот е поделен на 9 квадратни полиња од кои се сочувани 6 изведени во мозаик со геометриски, флорални и животински претстави. Просториите јужно од црквата биле на кат и имале исто така под од мозаик.
Јужно од базиликата се наоѓа баптистериумот со необично луксузните мозаици на кои се претставени пауни, барски птици и елени, како пијат вода од голем кнтарос. Среде баптистериумот се наоѓа писцина што има две фази на градење и последната фаза со употрба на голем мермерен кантарос што служел за крштевање. Од ѕидовите на баптитериумот откриени се остатоци од фреско живопис во два слоја од кои постариот со претстави на светители и цели сцени што се наоѓале во нишите.
Во црквата како и во баптистериумот, откриена е богата архитектонска декоративна пластика, помеѓу која посебно место заземаат богато украсените капители и парапетните плочи што ги одделувале бродовите како и од емпората. Епископската базилика се датира во почетокот на 5 век и втората фаза при крај наа 5 и почеток на 6 век.
Во централниот брод на Епископската базилика во 1978, 1979 и 1981 година откриени се остатоци од една Стара базилика со сочувани остатоци од мозаичен под во презвитериумот и во централниот брод. Откриен е нтпис во централниот брод, од грчки букви во 6 реда, а западно од него во посебни ромбоидни полиња Христовиот монограм. На северниот ѕид од оваа базилика откриен е живопис од ромбоиди одделени со колони и на истиот ИС ХС што ја потврдува идентификацијата дека објектот преставува црковна градба. Старата базилика ја датирааме при крајот на 4 век. Нивото на баптистериумот и на Старата базилика се еднакви, па има можност баптистериумот да ги опслужувал како Старата базилика, така и подоцна изградената Епископска базилика.
Театар
Театарот бил изграден во 2 или 3 век. Сличен е на постарите грчки тетри и е еден од поголемите и порепрезентативните објекти во Стоби, од римскиот период.
Гледалиштето, оркестрата и градбата на сцената се подигнати одвоено едно од друго. Градбата на сцената нема бина, туку добро изградена фасада, која била заднина на претставите во оркестрата. Гледалиштето, кое е состои од два дела, изградено е од бел мермер донесен од Плетвар. Според проценките, тетарот можел да прими 7.638 посетители. Распределбата на седиштата секако се вршела според припадноста на одделни племиња - во гледалиштето се наоѓаат запишани имињата на 5 племиња.
Театарот во доцниот 3 век, бил претворен во арена за борба на гладијтори со диви ѕверови. Ваквата промена настаналаа во 325 г., по издавањето на царскиот декрет на Константин Велики, со кој се забранувале борбите на гладијатори со диви ѕверки. Во средината и при крајот на 2 век, парадоите служеле како буништа, над кој простор биле подоцна изградени куќи, и тоа на падината што се спушта кон исток и каај заападниот ѕид од градбата на сцената. Целиот горен дел на гледалиштето и значителен дел од долните партии биле разнеени за градежен материјал потребен за градби во доцниот 4 и во текот на 5 век, а во поледниот век од градскиот живот на Стоби. Седишта и други архитектонски елементи биле вградени во надворешниот градски бедем кај Порта Хераклеја, во внатрешниот градски бедем , во дуќаните и пиедесталите вдолж Виа Сакра, во Полукружниот плоштад, во Епископската базилика, кон Градската чешма, Централната базилика со Синагога, и во Северната базилика.
Tweet |