Петар Печков
Објавено: недела, 23 мај 2010
За туристичка промоција археолошкиот локалитет Стоби ќе добие своја веб страница, која се изработува со помош на компанијата ЦИВУС а се работат нови билборди и печатат флаери и брошури.
Сето тоа треба да биде готово пред почетокот на претстојната туристичка сезона, за да ги привлече бројните туристите кои треба да минат по автопатот Е-75 Скопје - Гевгелија
. Од крајот на минатото лето, од 16-ти август за влез во локалитетот Стоби започна да се наплатуваат билети, по цена од 120 денари за странски и домашни гости, 50 денари за деца и 100 за групни посети за повеќе од 10 гости. До крајот на минатата година биле продадени три илјади влезници, најмногу од гостите биле странци.
Tweet |