Петар Печков
Објавено: недела, 02 мај 2021
После повеќе месеци бројот на активни случаи во велешко падна под 500, денес има 495. Продолжува да се намалува бројот на активни случаи откако изминатите 24 часа оздравеа 17 пациенти, позитивни на ковид-19 а ново заразени се само двајца. Ова се бројките кои ги објави Институтот за јавно здравје. Досега во велешко заразени биле 5.409.
Министерството за здравство информира дека е починат еден пациент од Велес, позитивен на ковид-19, кој се лекувал на клиниките во Скопје, на 34 годишна возраст Тој е 165 жртва на последиците од корона вирусот во велешко.
Во велешка Болница хоспитализирани се 73 пациенти, од кои 57 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 20 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест„ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
На Инфективно се 37 пациенти, на Интерно шест, на Физикално пет и во Модуларната болница се 25.
фото: Никола Арсовски
Tweet |