речник контакт

Последен пат во јавност починатите Катица и синот Ванчо се видени на почетокот од јануари

Од Центарот за социјални работи велат дека и било понудено старицата да биде згрижена во дом а синот во здравствена институција, но тие одбиле

Петар Печков

Катица  Маноилова (79 год) кај која беше констатирано дека имала  ковид-19 уште од јануари кога и починала,  последен пат соседите ја виделе на кратко на почетокот на јануари, кога ги платила месечните сметки за влезот од зградата каде живее. Кога заѕвониле на врата од мајката и синот, тие ја подотвориле и дале пари.  Синот пак Ванчо  последен пат е виден исто така на почетокот од јануари, кога бил во Центарот за социјални работи на Велес да обнови документи дека треба да користи материјална помош и нега. Објаснуваат дека станувало збор за многу коректна странка, помалку плашлива , која не зборувала многу.

По поднесувањето на документите треба да извршиме проверка во наредните месеци. Но бидејќи започнаа случувањата со корона вирусот,  не одиме да посетуваме странки. За ланската  2019-та година е извршена проверка  кај ова лице. Јавноста треба да знае дека по опожарувањето на станот во 2018-та дадена им е еднократна материјална помош. Тогаш им беше понудено старицата да биде згрижена во дом а синот во здравствена институција, но тие одбија, бидејќи  биле материјално обезбедени а тоа го потврдија и со потпис на документ - велат од Центарот за социјални работи од Велес.  За семејството едни соседи  кажуваат добри зборови, додека  други дека  Ванчо, кој имал психички проблеми, знаел да ги нападне. 

 Катица која е Романка дојдена е во Велес и тука се омажила. Сопругот и работеше во цигланата  Киро Ќучук, одамна е починат, имаше добра пензија, не беа за жалење. Синот се смени откако се врати од војска и никогаш никаде не работел.   Кога 2018-та се опожари станот, се собраа пари, имаше акција по медиумите,  им ги дадоа ама гледате уште вратата, прозорците од терасата и собата се гарави од пламенот, ништо не се смени ниту обели - вели сосед на семејството.      

Друга сосетка  тврди дека од полицијата барала да интервенира во станот на Маноилови неколку дена претходно, бидејќи имало лоша реа а полицијата дошла во понеделникот.

Пријавив уште во средата ( телата беа пронајдени во понеделникот н.з.)и рекоа дека ќе дојдат за два дена, а помина и сабота и недела. Во понеделникот утрото пак ѕвонев и се скарав  со полицаецот, зошто ги нема, ми објасни  им требало налог за да влезат во станот - вели друга сосетка.    

По барање на ОЈО Велес, телата на починатите мајка и син беа предадени на обдукција а резултати на Институтот на судска медицина покажаа дека Катица имала ковид-19 додека синот Ванчо немал. Утврдено беше дека старицата починала уште на почетокот на јануари, далеку порано откога е регистриран првиот официјален случај со корона во земјава.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »