Петар Печков
Објавено: среда, 29 јуни 2022
Пријатели, блиски, спортисти му оддадоа последна почит на ракометарот Тони Шопов, кој на 50 годишна возраст почина во Германија.
Тој оваа година со семејството замина да живее таму. Настан организиран од соседите, каде Тони израсна како дете, во маалото кај Работнички универзитет, се придружија велешани кои со положување цвеќе и палење свеќи ја искажаа нивната почит кон Шопов. Настанот се одржа на Ракометното игралиште во градски парк.
Тој долги години го носеше дресот на РК Борец, беше дел од екипата која донесе пехар - Купот во 1994-та година со РК Борец Агропин. Потоа замина и градеше интернационална кариера во Португалија, Германија. Имаше настапи и за ракометната репрезентација на Македонија.
Според последната желба на Шопов тој е кремиран во Герамнија а дел од пепелта ќе биде донесена и во родниот Велес.
Tweet |