Петар Печков
Објавено: четврток, 22 октомври 2015
Сценариото во филмот е на Александар Кукулев, монтажата на Данчо Стевков, музиката на Оливер Тевчев. Режисер е Илија Пиперкоски а продукција на Снежана Лупевска.
Во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него. Или што би рекол Крсте Петков Мисирков ,,За македонцките работи,, патриотизмот, предавството.
Во филмот прикажани се братоубиствените настани во Бугарија и бројните убиства на македонските револуционери, страдањата на Македонците од српските четници Јован Бабунски и Василе Трбиќ, продаденоста на некои македонски војводи на грчкиот митрополит Каравенгелис...
Филмот беше прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Tweet |