речник контакт

Последниот ден од октомври- недела, започнува зимското сметање на времето

Годинава ваквата пракса на промена на часовникот, требаше да биде укината во ЕУ но не се почитува одлуката на граѓаните кои не сакаат лено и зимско сметање на времето

Петар Печков

 Зимското сметање на времето оваа година ќе почне на  недела наутро, последниот ден од   октомври -31 , во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Со тоа оваа сабота  ќе спиеме еден час подолго.

Преминот од летно кон зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 1970 години од минатиот век. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Во поранешна СФР Југославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Годинава ваквата пракса на промена на часовникот, требаше да биде укината. Во 2018 година Европската комисија ги праша граѓаните на ЕУ што мислат на оваа тема. Резултатот од онлјан -анкетата: 83% се изјаснија за укинување на промената од зимско во летно сметање на времето. Тогашниот шеф на Европската комисија, Жан- Клод Јункер во 2018-та објави: „Промената на сметањето на времето ќе биде укината“.

Европскиот парламент за тоа гласаше во 2019 година, а одлуката требаше да биде спроведена во оваа 2021-ва.  Оттогаш работите речиси мируваат. Одлуката  е кај земјите членки на Унијата. Досега Bладите на земјите членки на ЕУ немаат став.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »