речник контакт

Последните денови од август, пронајден голем арсенал оружје ширум Македонија (фото)

НУС се пронајдени во околината на Струга, Арачиново, Струмица, Дојран, Радовиш

Петар Печков

Последните денови од август на територија на Македонија, на повеќе локации откриени неексплодирани убоити средства. Истите биле опасност по околината и животот на граѓаните и безбедно се отстранети.


На ден 20 .08. во нива во атарот на село Франгово Струга пронајдени се 30 РПГ фрлачи,137 ракети РПГ,130 полнења за РПГ 760 куршуми 20 мм,и39 сандаци муниција 7,62 мм и 12,7 мм. Средствата се од воениот конфликт 2001. Истите ДЗС ги транспортирала следниот ден, на безбедна локација.        

На ден 21.8 во атарот на Арачиново се пронајдени 11 рачни бомби, истите се преземени од пиротехничар од Скопје.     

На ден 22 8.во село Робово- Струмица во штала се пронајдени 2 рачни бомби од втора светска војна истите се отстранети од страна на пиротехничар од Струмица.   

На ден 23.8 во паркот до општинската зграда во Дојран се пронајдени 2 артилериски зрна 75 милиметри. Пиротехничарите објаснуваат дека истите претставувале огромна опасност  за луѓето кои биле  на  блиската плажа и Д` фестивалот.     

На ден 22.8 при изградбата на патот Штип -Радовиш пред клучката Радовиш -Конче што изработка на ископ пронајдено е 1 артилериски зрно 105 мм од Втора Св. Војна. Прекината е работата на локацијата и на  24-ти август  истото е транспортирано, од страна на пиротехничар од ДЗС Струмица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »