речник контакт

Последните седум дена е забележан пораст за ревакцинација со пертусис, кај децата од претшколска возраст

Кај школска возраст се ближи процентот до 100 отсто опфатност

Петар Печков

Последните десетина дена се бележи раст на вакцинацијата на деца од претшколска возраст до вакцинана против голема кашлица, „пертусис“. Ова се должи на вакциналната кампања но и на зголемениот број на случаи, пред се на деца кои се заразени со оваа болест.

И без да се случи оваа состојба со пертусис, ние месечно ги повикувавме родителите да ги донесат нивните деца на вакцинација, ако тоа на го сториле. За жал сите не се јавуваат на нашите повици.  Од минатиот четврток се забележува пораст во вакцинација и тоа на дечиња над две годишна возраст, кои од различни причини не дошле да се вакцинираат“ - кажа д-р-  Марина Тодоровска од службата за претшколска превентива при ЈЗУ Здравствен дома Велес .  

На ниво на Здравствен дом Велес, кој ги покрива општините Велес, Чашка и Градско, во 2023 година опфатот со 1 ревакцина изнесува 79,3% ,односно во селата е 95,7%, а во градот 70,9%.

„Разликата на степенот на опфатност помеѓу градот и руралните средини е поради неколку причини. Тука се недовербата во системот, дезинформациите, споделување на неточни информации помеѓу родителите и по социјалните мрежи, читање на невистините  информации од нерелевантни извори. Ги повикувам родителите да доаѓаат кај нас во превентива, да разговараат, да прашуваат за се што имаат нејаснотии,  прашања кој ги измачуваат, кој создаваат недоумици, прашања од кои се плашат. Ние  докторите од оваа служба сме тука да дадеме одговор на сите дилеми па нека донесат одлука дали треба или не да се вакцинира детето“- изјави д-р Тодоровска.

Вакцините се задолжителни и според националниот календар за имунизација,   се аплицираат како три  дози и две  ревакцини, соодветно на 2 месец, 3-4 месец, 6 месец, една година  и 6 месец, 7 години  во 2 одделение. Опфатот со првите три дози е задоволителен и изнесува околу 95% и потоа опаѓа на 80 отсто за вакцинација на 18 месеци.  Но потоа на школска возраст, на седум години или второ одделение,  се качува на високи 98 отсто.  

„После наполнување на првата година возраст на детето, опаѓа вакцинацијата за сите вакцини. Некои родители не сакаат нивното дете на таа возраст да прими МРП вакцина, па доцнат и другите вакцини. Во други случаи на таа возраст децата тргнуваат во градинка, па често се разболуваат и не можат да примат  било која вакцина. Како доенчиња не се разболуваат така често. Тие деца на 18 месеци кои  не примиле вакцина ги повикуваме на две години, две и пол и тогаш нивните родители ги носат на вакцинација.  Овие деца ја примаат вакцината на поголема возраст и додека стигнат до школо дел од невакцинираните се вакцинираат. Родителите треба да знаат дека овој календар е создаден според Светската здравствена организација, и тогаш на 18 месеци  кај детето има оптимален ефект и не може така лесно да се зарази во пертусис. Но кога се прима подоцна, детето има имунитет но е послаб од тие што се вакцинирани на време. Ваквата задоцнетата вакцинација сепак е можна“ - додаде д-р Тодоровска.  

Податоците добиени од д-р Биљана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес, за денес, четврток 15 февруари се дека во Велес и велешко нема  случај на заразен со пертусис- голема кашлица.
Од школска превентива пак информацијата дека до денес од 20 деца на 7 годишна возраст, кои не биле вакцинирани, откако сите биле повикани седум дошле и останале уште 13 за вакцинација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »