Петар Печков
Објавено: недела, 24 јули 2011
Отскокнувајќи од стандардниот текст на некролозите, еден, последниот период го привлекува вниманието на јавноста.
Наместо вообичаениот последен поздрав таму е напишано:
Кој не ми се радуваше на животот, нема право да ми ја оплакува смртта. А кај нажалените е напишано: сопругата со децата а роднините и пријателите секој на свој начин...
Овој текст, авторот уште додека бил жив како аманет го оставил да му биде отпечатен на некрологот, што неговите блиски и го сториле.
Tweet |