Петар Печков
Објавено: четврток, 02 декември 2010
Новата зграда треба да биде готова до септември наредната година, кога 25-тѕе ученици од подрачното ОУ ,,Лирија,, од Горно Врановци ќе тргнат да учат во неа. Изградбата чини 2,2 милиони денари, половината се обезбедени од годинашниот Буџет на Република Македонија а вторите од наредната година.
До завршувањето на изградбата учениците ќе учат во времено обезбедени контејнери од Министерството за образование. До петокот овие деца посетуваа настава во мизерни услови, дрвена барака во која од секаде фури ветер, со очајни санитарни јазли и бедни училишни помагала.
Tweet |