речник контакт

Поставен камен темелник на фабрика за сточна храна на УНИ Агро (фото)

Инвестицијата е вредна 2,1 милион евра и ќе вработува 60 лица

Петар Печков

Во средата на 21 ноември  на големиот верски празник Св. Архангел Михаил беше поставен камен темелник на фабриката за сточна храна на компанијата УНИ Агро од Велес.   Вредноста на инвестицијата е 2.1 милион  евра, капацитет за складирање на житарици од 15.000 м3, производствена хала од 1800м2, целосна автоматска линија за производство на сточна храна со капацитет до 200 тона на ден и 60 нови вработувања. Проектот е одобрен од ИПАРД 2 програмата на ЕУ.   

Со реализирање на овој проект се добива поевтино и поквалитетно производство, како и зголемување на капацитетите повеќе од 200 отсто.  Успешното работење на компанијата  се должи на посветеност, макотрпност и професионалност што  придонесува до брз развој на компанијата која претставува препознатлив бренд на пазарот за домашно свежо свинско месо со врвен квалитет -рече директорот Дарко Стојанов.   Идната фабрика за сточна храна се наоѓа во близина на селото Каратманово. На настанот присуствуваше и Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Љупчо Николовски кој го поздрави овој проект.

Македонските агробизнисмени и земјоделци ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови. Производството на добиточна храна е особено важно за развој на секторот сточарство. Секоја инвестиција од ваков тип директно придонесува за квалитетно и евтино производство.

Команијата Уни Агро се занимава со производство на житарици на површина од 1500 хектари, сточна храна 8 илјади  тони годишно, повеќе од 20 илјади товеници годишно, со што претставува еден од најголемите производители на храна во Република Македонија. Со имплементирање на вертикална интеграција на сите производни процеси, ги следат сите фази од нива до трпеза, со што се гарантира беспрекорен квалитет на домашно свежо свинско месо како финален производ.

Со потпишување на наменски договор за закуп на земјоделско земјиште со површина од 1100 хектари во 2015 година беше предвидена изградба на фабрика за сточна храна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »