Петар Печков
Објавено: четврток, 19 април 2012
На градските гробишта Мирогој во Загреб беше откриено спомен обележје на велешкиот учител и револуционер Панко Брашнаров. Со откривањето на ова спомен обележје, Општина Велес го означува привременото почивалиште на народниот трибун, кој умре на Голи Оток 1951-та. Неговиот гроб не се знаеше до минатата година.
Велес памети и никогаш нема дозволи заборавот да ги прекрие делата на големите велешани, оние од чие дело се напојуваат генерациите што доаѓаат. Со овој чин го започнуваме процесот за враќање на неговите посмртните останки во неговиот роден Велес, во Македонија земјата на која и го посвети целиот свој живот – изјави градоначалникот на Велес Горан Петров.
Гробот на Брашнар е уреден заеднички со општина Велс и Македонската Амбасада во Загреб. Започната е постапка за ДНК идентификација на останките на Брашнар, па дури пота може да се очекува тие да бидат пренесени во Македонија. Откривањето на спомен плочата беше со изведба на химната на Велес “Миле Поп Јорданов”, испеана од страна на составот “Езерки” од Загреб.
Панко Брашнаров бил македонски комунист, член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Поради поддршка на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток, каде набрзо умира како најстариот затвореник по основа на Информбирото.
Tweet |