речник контакт

Поставена па урната бистата на Тодор Александров во Велес

Бистата на Тодор Александров, поставена на приватно змејиште во Велес, е турната трет пат за четири дена. Таа и натаму е кутната на земја во дворот на Драги Каров, кој размислува што натаму со неа.

Петар Печков

Бистата на Тодор Александров, поставена на приватно змејиште во Велес,  е турната трет пат за четири дена. Таа и натаму е кутната  на земја во дворот на Драги Каров, кој размислува што натаму со неа.

- Непознати сторители ја турнале, сигурно по налог на државните органи. Добив од локалните власти решение да ја отстранам, така што сеуште не знам како да постапам. Тешка е повеќе од 200 кг, за да се крева, треба механизација, која два пати досега ја платив – изјави Каров, сопственик на куќата каде таа е лоцирана. Тој претходно најави дека доколку се бара нејзино дислоцирање, ќе ја постави на терасата од неговата куќа. Неговите сограѓани реагираат на поплаките од Каров, дека тој се чувствува како граѓанин од втор ред бидејќи е бугарин.

- Треба да биде чесен и да каже како успеа во самостојна Македонија, како бугарин за 18 години да стигне од дното на животот, до сегашната позиција на економски богат човек. Тој заедно со неговото семејство, со кое се плаче дека е обеспревен, стигна од живот во трошна куќа во Потокот во 1991, сега да има две палати и деловен центар. Каде е тука неговата обесправеност, кога има многу повеќе од било кој македонец – велат велешани.

\"\"

Спомен биста на Тодор Александров беше свечено откриена во неделата во дворот на велешанецот Драги Каров, во центарот на градот. Повод за ова беше годишнината од раѓањето 4-ти март 1881 година во штипско Ново село. Организаторот демантира дека ова е одбележување на Бугарскиот национален празник 3-ти март.

\"\"

- На овој начин сакаме да се потсетиме на легендарниот водач на ВМРО Тодор Александров, признат од целиот свет, но не и од својата родна земја. Во оваа пригода сакаме гласно да кажеме и порачаме дека во Македонија живее и бугарско население, кое нема никакви права. Ако во државава има споменици на Тито, најлогично е во Македонија да се подигне споменик на Тодор Александров и чествува неговото дело – изјави вчера на свеченоста Виктор Канзуров, претседател на иницијативниот одбор за одбележување на годишнината. Тој во неговото обраќање пред бројните присутни гости од Скопје, Велес Охрид но и од Бугарија, изјави дека и Гоце Делчев, Ѓорче Петров, цар Самоул, Климент Охридски се бугари.  Свеченоста започна со бугарската химна „Горда Стара планина“ а потоа следеше и „Шуми, шуми Марица“, се вееја и знамиња на Бугарското ВМРО на Каракачанов и на Бугарската национална организација. Одговарајќи на новинарско прашање, дали во земјава треба да се почитуват Законите и дали овој паметник треба да има дозвола за поставување, Канзуров објасни според нивните правници, во приватен двор право е на сопственикот што и како ќе постави. Пред присутнтие беше прочитана и поздравна телеграма од МПО од САД и Канада, кои го подржуваат поставувањето на бистата на Александров. Таа пак за три дена два пати е срушена, еднаш по барање на локалната власт а во саботата ноќта од непознати сторители, кога била и обоена.

\"\"

- Некој во ова важно време за македонците се поигрува со  нашите  чувства, се отвараат крупни теми кои можат да го поделат македонскиот народ. Постапката е неисправна од формално-правен аспект и од идеолошки. Не можеме да ги изедначиме  жртвите со налогодавците на нивната ликвидација, хероите од една страна со предавниците и кодошите. Не можеме да ставиме еднаквост помеѓу Гоце Делчев, Ѓорче Петров со Тодор Александров и Ванчо Михајлов – изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски. По нивните сознанија дека ќе се поставува биста на Александров во приватен двор, на сопственикот на земјиштето Драги Каров, му дале време да ја легализира. Бидејќи тој не реагирал, му дале налог да ја отстрани, што тоа било сторено во петокот претпладнето. Вечерта бил повторно поставен , за да во саботата ноќта биде срушен од непознат сторител. Коцевски најави дека денес(понеделник) ќе му биде дадено решение на Каров нелегалниот споменик да го отстрани, и доколку таа не го стори сам, во вторник  инспекциите ќе се пристапат кон дислокација. Сопственикот на земјиштетото на куќата, кај велешани позната како Бугарска Амбасада, Драги Каров најави дека доколку се побара споменикот да се отстрани тој ќе ја постави на домашната тераса.

\"\"

- Во секој град во Македонија , а не вака во двор, на Тодор Александров и Ванчо Михајлов треба  да му се постави паметник и тоа од страна на државата - изјави сопственикот на куќата КаровЛут поради ваквиот развој на настаните тој не дозволил на свеченоста  ниту едно македонско знаме. Не одговори кој е автор на споменикот, каде е работен, и колку вреди, само кажа дека тежи 200 кг. На отварањето на споменикот присустуваше и Красимир Каракачанов, претседател на бугарското ВМРО.

\"\"

- На кого му пречи овој паметник. Знам дека во Западна Македонија има многу албански споменици, дали се тие легални. Зошто тие не се уриваат. За разлика од тоа кај нас во Бугарија важат законите и се додека партијата ОМО Илинден не ги исполни условите не ќе може да добие легитимитет. Проблемот со нив не е политички, не етнички туку само е потребно да се соберат неопходните пет илајди потписи – изјави Красимир Каракачанов. 
\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »