речник контакт

Поставени се 10 нови гнезда за царските орли на далноводите во Овче Поле

Во Македонија има 30 пара царски орли а за нив се поставени во Овчеполието 50 гнезда на далноводите

Петар Печков

Во Овче Поле се поставени нови 10 гнездечки платформи за зачувување на царските орли во Македонија. Тој е финансиран од фондацијата „Rufford“ од Англија, од 2014 година го спроведува Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци во соработка со АД- Мепсо и ЕВН- Македонија. Десетте  нови гнездечки платформи за царски орли се поставени на  далноводот  од кон Србија. Досега во два наврати во 2014 и 2016 година беа поставени четириесетина платформи и тоа на далноводот  од Велес кон Дуброво и далноводот  од Штип кон бугарската граница. 

Платформите се поставуваат во степскиот дел на Република Македонија односно во Овчеполието и во делови на Повардарјето, каде што живеат царските орли, кои се степски птици. Ваквата акција е неопходна затоа што царските орли се соочуваат со недостиг на погодни дрва за гнездење, па се почесто се одлучуваат да гнездат на далноводот. За жал речиси сите природни гнезда направени на  далноводот  се наоѓаат на централниот дел од столбната конзола директно над централниот проводник што во одредени случаи предизвикуваат исфрлање на дал далноводот  поради краток спој. Поставувањето на платформите за гнездење на соодветно место од конзолата каде што нема да има никакви пречки, трајно го решава проблемот и на птиците но и на дистрибуцијата на електрична енергија. Од досега поставените платформи пет се веќе заземени од царски орли, а три други од гаврани. Тоа е добар успех доколку се земе предвид дека царските орли се територијални птици и потребно е подолго време да се пополнат нови територии од новоформирани двојки или пак да се преселат постоечките двојки на нова територија. Во Македонија има околу 30 активни гнездечки двојки  и може да се рече дека сме лидер на Балканот во царските орли, по големина на територијата, каде што тие се наоѓаат  – објаснува Емануел Лисичанец од здружението „Аквила“ .  

Изработката на овие модифицирани гнезда е сложен процес, но  ќе придонесе за подобрување на условите за загнездување на царските орли во Македонија, а со тоа зачувување и зголемување на нивната популацијата.  Од 2012 година па досега во пет наврати АД МЕПСО  поставени 50 платформи за гнездење на царскиот орел.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »