речник контакт

Поставени се нови семафори на крстосницата кај Макпетрол

Со оваа инвестиција се надминаа сите досегашни технички проблеми поради застареноста на технологијата

Петар Печков

Извршена е промена на семафорите, на крстосницата кај ЕВН и бензинската на Макпетрол. Постојните од почетокот на годинава не функционираа или пак само трепкаа. 

„После 25 години од поставувањето, со пренамена на средства во општинскиот буџет се набавија и поставија нови семафори во Велес. Со оваа инвестиција се надминаа сите досегашни технички проблеми поради застареноста на технологијата, а со тоа и се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот“ – соопштија од локалната власт.
 
За набавка на  нови семафори, на 67-та седмица,   беа издвоени 850 илјади денари за набавка и исталација на опремата. 

 фото: ФБ Марко Колев

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »