речник контакт

Поставувањето на новите скулптури од колонијата, причина бистата на Благој Кирков да се отстрани

Манданата на местото од Брашнар, Брашнар на местото од Џинот и Кирков, Џинот пред театар, Кирков извиси

Петар Печков

 
Поставувањето на новите скулптури од рециклиран материјал, од колонијата која се одржа во октомври  во Велес, ќе предизвика поместување на дел од бистите на великаните, кои се наоѓаат на јавните површини во градот.

При ова поместување, бистата на првоборецот Благој  Киров, чие име носеше едно од згаснатите основни училишта, ќе се отстрани, но не се знае каде ќе се постави. За сите се најде место, само за неа не.  Ова го најави градоначалникот Коцески, прашан каде ќе бидат поставени делата од втората скулпторска колонија „Велес 2020“.

Скулптурата „Манданата“ работена по ликот на Петре Прличко од филмот „Мис Стон“ ќе биде поставена  во дворот на Општината, тука каде е бистата на Панко Брашнаров. Таа ќе биде преместена пред новото училиште кое го носи неговото име.  Двете бисти кои сега се таму ќе се дислоцираат. На Јордан Хаџи  Константинов Џинот ќе биде поставена пред театарот, кој го носи името на овој преродбеник а додека таа на борецот Благој Кирков дополнително ќе одлучиме каде ќе ја поставиме - кажа Коцевски.

При згаснувањето на ОУ Трајко Андреев бистата на овој првоборец, беше заборавена во дворот на некогашното училиште. Неа ја земаа и згрижија од Сојузот на Борци од Велес и чекаат локалните власти дванаесетина  години да најдат соодветно место каде ќе ја постават. Сега по згаснувањето на двете ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и ОУ Благој Кирков,  јавно нема биде изложена бистата на првоборецот Благој Кирков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »