Петар Печков
Објавено: вторник, 16 октомври 2007
Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, во периодот од 11-14 октомври оваа година, со две патроли зема учество на редовниот годишен републички извидничкиот ориентационен натпревар кој се одржа на терените на село Витолиште во реонот на Мариово.
Организатор беше Сојузот на извидници на Македонија, а домаќин беше новоформираниот извиднички одред Еригон од Прилеп. Републички извидничкиот ориентационен натпревар е натпреварување за извидници на возраст од 15-21 година, а извидниците се натпреваруваат во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и традиционално извидништво.
Првата патрола на одредот од нашиот град се пласираше на третото место, а втората на осмото место во кокуренција на 14 патроли од Македoнија.
Први беа извидниците од извидничкиот одред Методи Митевски - Брицо, а втори извидниците на извидничкиот одред Браќа Миладиновци од Скопје.
Првата патрола на извидничкиот одред Димитар Влахов во сите дисциплини покажа квалитетни резултати, а најдобра беше во дисциплината БИВАК (подготовка на засолниште со целосна инфраструктура и подготовка на храна на терен).
Со ова извидниците од Велес покажаа дека се подготвени за реализирање на логорски активности и активности во природа.

Tweet |