Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 септември 2023
Пост пандемиски во Велес и велешко е зголемен бројот на семејно насилство. Ако лани во првите шест месеци имало 18 случаи, во првата половина годинава бројката е без малку двојно зголемена на 30.
Бројките делуваат поразувачки, бидејќи јавноста живееше во уверување дека во време на ковид пандемијата, кога животот се одвиваше во кругот на семејството, меѓу четири ѕида, се јави зголемување на семејното насилство. Но бројките кои ги објави СВР Велес фрлаат друга светлина на овој проблем.
„Факт е дека во време на живот во карантин, жртвите на семејно насилство имаа намален пристап до сервис за нивна помош, поголем дел од денот го минуваа дома со насилникот поради што не се охрабруваа да ги пријават. Така што светските предвидувања беа дека по ослободувањето на рестриктивните мерки, бројот на пријави на семејно насилство во светот ќе ескалира, стана реалност“ - кажа Ристе Самарџиев.
Додава дека жртвите ослободени од физичкото присуство на насилниците, доаѓаат во полиција и го пријавуваат семејното насилство. Смета дека улога одиграла и кампањата „Има помош за живот без насилство“.
Потсетува дека не само жртвите, туку и сите други граѓани кои се сведоци на ваков вид насилство да го пријавуваат до стручните служби или до полицијата.
Tweet |