речник контакт

Потврдена затворска казна од 13 години за убиство во Копришница- Демир Капија

Според обвинението и пресудата, делото било сторено со умисла

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја потврди првостепената пресуда за   Неготинчанецот  Дејан Коцевски  (47 год) од  13 години затвор за убиство, кое според обвинителството го сторил со умисла.   Обвинетиот беше прогласен за виновен во Основен суд Велес, за дело кое го сторил на 19-ти април 2019-та , при што смртно настрадал Јане Давчев  (50 год) од село Тимјаник -неготинско.

Настанот се случил  околу 17 ч.  во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на општина -Демир Капија, кога Коцевски  со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Давчев, нанесувајќи му  рана во пределот на горниот дел од телото, по што избегал од местото на настанот. Коцевски делото не го призна, и рече дека не го сторил и не се чувствува за виновен.

Членовите на семејството на покојниот Јане Давчев, кажаа дека обвинетиот дури бил присутен на погребот на нивниот сопруг и татко Јане.

Обвинителката Силвија Ивановска во завршен збор, кажан во Основен суд Велес, рече  дека убиството не е случајно.

„Пушката не можела сама да пука, туку мора да се притисне чкрапалото.  Пушката имала браник, за да не истрела случајно.  Кај обвинетиот има регистрирано присуство на барутни честички, како и на други две лица, но тие не произлегувале од тоа пукање, туку од друго. Обвинетиот ладнокрвно го застрелал Давчев, па заминал и цела седмица се шетал и го терал животот, како ништо да не се случило“ - кажа Ивановска во завршниот збор.   Таа како доказ ја приложи изјавата на обвиениот, пред нејзиниот колега од кавадаречкото обвинителство, каде до детали го опишал настанот и како го застрелал Давчев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »