Петар Печков
Објавено: недела, 12 октомври 2008
Апелациониот суд од Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд од Велес за хирургот д-р Никола Нацев, казна затвор во времетраење од осум месеци.
Тој беше осуден поради примање мито во висина од 250 евра, од пациентка од Кавадарци која се оперирала во Болницата во Велес. Парите биле предадени од страна на синот на пациентката, дента кога неговата мајка го напуштала одделението.
Доктор Никола Нацев е претседател на Здружението на лекарите на општина Велес, началник на хирушкото одделение и член на Советот на општина Велес од ВМРО-Македонска.
Тој во завршниот збор рече дека е невин, и дека ниту побарал ниту земал пари а овој случај му го нарушил здравјето и угледот потсетувајќи дека за некој месец заминува пензија и дека имал повеќе од 10 илјади успешни операции во кариерата.
За исто дело, земање поткуп, докторот пред 20-тина години има исто така одлежано затвор. Бидеќи, според законската регулатива, за казна затвор повеќе од шест месеци, се губи статусот советник, на местото од д-р Нацев во Советот на општина Велес, треба да влезе Даниела Стојановска, од коалицијата „За Македонија заедно“ на чија листа припаѓаше осудениот доктор. Тој по парламентарните избори во 2006-та премина во коалицијата „За подобра Македонија“

Tweet |