речник контакт

Потврдени казните затвор за финансиските малверзации во Порцеланка

Апелациониот суд ја потврди пресудата за некогашниот сопственик на велешка Порцеланка Леонардо Питиќов и тогашниот управител Никола Цветковски кои со пресуда изречена во Основниот суд во Велес, добија по четири односно три години затвор за злоупотреба на службената должност

Петар Печков

Тие беа прогласени за виновни бидејќи ненаменски ги потрошиле парите во висина од 70,5 милиони денари, кои Владата  во 2002-та ги префрлила на Порцеланка но тие биле искористени за подмирување на други обврски а не за тие прифатени со договорот.

Според  обвинението,  Владата  средствата во висина од  108,2 милиони денари во два наврати ги префрлила на Порцеланка, за подмирување на обврските кон доверителите и работниците,  дел од нив биле префрлени  на сметката на ,,Ексклузива,,. За ова бил потпишан договор за  деловно -техничко соработка помеѓу АД Порцеланка и Екслузива. 

Парите што Порцеланка во висина од 70,5  милиони денари ги префрлила на Екслузива, потоа завршиле за исплата на членови на УО, за фирма во Виена блиска на Питиќев  која давала  маркетинг услуги биле платени 1,3 милиони денари,  30 милиони денари биле орочени во Комерцијална Банка,  со трети се враќала   позајмица во висина од 1,5 милиони денари,  за 1,7 милиони денари биле купени возила за Екслузива, за адвокатски услуги кон Игнат Панчевски биле префрлени пари во висина од 18,7 милиони денари, сите овие трансакции  биле потврдени во сведочењето на вештите лица од Бирото за вештачење. 

Освен заостанатите плати на работниците во Порцеланка, Екслузива останатите исплати ги сторила надвор од анекс договорот потпишан со Владата, со кој требало да се исплатат доверителите, но  тие се насочувани кон други лица, во корист на Питиќев и неговата фирма.

На Леонардо Питиќов му се судеше во отсуство, бидејќи тој не беше достапен а од февруари 2008-та нема македонско државјанство, откако тогаш земал отпус и се води како жител на Австрија. Управителот Никола Цветковски, во завршниот збор, рече дека се кае за стореното, дека работел чесно, одговорно и искрено.

За да го потпише договорот за деловно - техничка соработка се советувал со  правниците и неговиот бранител Панчевски, кои му посочиле дека нема ништо спорно и незаконски во тој договор. Тој се водел и од мислата дека е потребен рестарт на Порцеланка во интерес на вработените кои чекаат да земат плата. Цветковски смета дека во овој случај тој  настрадал во пресметка помеѓу белосветски профитер и македонски транзиционен богаташ, мислејќи на Питиќов и Костовски.

Адвокатите на обвинетите  со идентична одбрана, дека  парите биле префрлени на сметката на Екслузива бидјеќи сметката на Порцеланка била оптоварена со 6 акцептни налози од страна на Кометал, кои потоа во судски процес во Основен суд во Скопје било потврдено дека се лажни. Поради ова  се барало начин парите кои Владата ги одобрила, да се искористат максимално и тие да не завршат на сметката на Кометал Трејд.  

Случајот Порцеланка долго време ги брануваше  судските страсти. Обвинението за овој случај беше подигнато на 17 номеври 2005-тата година, предметот го работеа двајца судии, а  адвокатот Игнат Панчевски во два наврати беше казнет со 500 и 700 евра парична казна поради непочитување на судот.                                                     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »