Петар Печков
Објавено: сабота, 28 април 2012
Долгото патување на рибарскиот брод ,,Рјон Ун-маи,, долг 65 метри заврши кога на него беше отворен оган од повеќе топови од брод на американската крајбрежна стража. Бродот се запали и потона на на длабочина од 305 метри во Заливот Аљаска на 240 км далеку од брегот.
Одлуката за потопување е донесена за тој да не се насука или не ги загрози другите бродови кои пловат помеѓу Северна Америка и Азија. Бродот на кој немало трага од луѓе, е еден од бројните остатоци кои после цунамито во Јапонија, бесцелно пловат по Тихиот океан.
Приметен е кај западниот брег на Канада на 25 март и се сомневало дека тој има големо количество гориво-нафта. Бродот се наоѓал вкотвен кај островот Хокаидо, кога земјотресот со јачина од 9 степени во март лани ја погоди Јапонија а потоа тргна и цунамито. Тоа создало најмалку 25 милиони тони отпад и олупини од бродови. Од тоа помеѓу 4 до 8 милиони тони метал заврши на дното од океанот а два милиони се уште пливаат по водата.
Меѓу нив беше и јапонсакиот рибарски брод. Американските здравствени и еколошки власти тврдат дека нема причини за грижа дека бродот е радиоактивен. Земјотресот и цунамито доведоа до дефект на нуклеарката во Фукушима, најголема нуклеарна криза во светот по таа од Чернобил во 1986-тат година.
преземено од Радио слободна Европа
Tweet |