речник контакт

Потписи поддршка за лицата со посебни потреби, и тие заслужуваат пристоен живот

Во Велес до петок се собираат потписи со 18ч. пред зградата на театар

Петар Печков

За првите 60 минути 70 велешани дадоа поддршка на барањето на семејствата со лица со попреченост.  Така со својот потпис тие се приклучуваат на големиот број жители на земјава,   со  барање за иднина на лицата со посебни потреби.

Бараме поддршка од граѓаните, да не поддржат да се сменат Закони кои се од големо значење за лицата со попреченост. Бараме новата Влада која ќе се формира да ни помогне за подобро утре на нашите деца.  Овие наши барање не се политички и немаме поддршка од ниту една политичка партија, го работиме сами како родители – рече Весна Андреева, мајка на дете со аутизам.

Таа била дел од тие што минатиот викенд три дена беа во Паркот Борец во Скопје и под шатори ја покренаа свеста кај граѓаните, за подобро утре на лицата со посебни потреби.

Потписите во Велс се собираат пред зградата на Театарот, до петок во термин од 11 до 18ч.    

Очекувам поддршка не само до Велес, туку и од цела Македонија. Благодарност за  секој што ќе потпише. Ќе собереме потписи повеќе отколку што се потребни, десет илјади – рече  Жаклина Димовска.  

Со барањата родителите на децата со попреченост бараат  нивните деца по смртта на родителите, и тоа преку нивниот имот, кој би ѝ го отстапиле на државата,   таа за возврат да се грижи за децата до крајот на животот, со обезбедување пристојни услови.

Тие бараат отворање на дневни центри кои би се грижеле за нивните деца, за да добијат време во кое ќе можат да заработуваат за живот а со тоа да не бидат социјални случаи.

Бараат и  да се избрише старосната граница од 26 години, по која во повеќе закони им се ограничува државната помош на лицата со посебни потреби. Така, до 26 годишна возраст лице со пречки во развојот има право на бесплатни прегледи и лекување, како и право на посебен додаток, но по навршување на оваа возраст, лековите не се бесплатни, а го губат и правото на посебен додаток.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »