Петар Печков
Објавено: вторник, 02 април 2013
Во рамките на активностите на Институтот за парламентарна демократија ИДП, се потпиша Кодексот за слободни и фер избори. На овој документ потпис ставија двајцата кандидати од Велес, Славчо Чадиев и Аце Коцевски.
Организаторот оваа кампања ја спроведува за ,,зачувување на основното демократско право, секој граѓанин, да може без притисоци во фер и демократски процес да го даде својот глас и да го избере својот политички претставник,,. Затоа тие ги повикуваат актерите во изборниот процес да го почитуваат потпишаниот Кодекс.
Еве ги видувањата на двајцата кандидати за тоа дали имавме во првиот круг, но и до сега во вториот круг, фер и демократски избори.
Како што беше во првиот круг, исто така очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори и в недела. Ги повикувам граѓаните да излезат и слободно ја искажат својата волја. Новиот градоначалник да го води Велес во напредок – рече Славчо Чадиев кандидат на коалицијата За подбра Македонија.
Не верувам дека ќе имаме фер и демократски избори, оти тие не беа такви ниту на 24 март. За жал на Македонија и се случува чуден феномен. Изборниот ден минува мирно, без насилства не значи дека се е во ред. Имама многу неважечки гласачки ливчиња, злоупотреба на општински и државни ресури. Изградба на инфраструктурни објекти, кои не се влезени во годишната програма за оваа година – изјави Аце Коцевски кандидат на коалицијата Сојуз за иднината.
Организаторите на овој настан се Националниот демократски институт и Институтот за парламентарна демократија.
Tweet |