Петар Печков
Објавено: петок, 02 октомври 2015
Пет објекти на велешката детска градинка ,,Димче Мирчев,, ќе добијат термоизолациони фасади , со средства од ЕУ. За таа цел потпишан е договор за партнерство помеѓу општините кои се вклучени во проектот, Велес како носител од македонска страна и Прилеп и грчките Лерин како носител, Ираклеа и Визалтиа.
Вкупната вредност на проектот ,,ЕНЕРЏИНЕТ,, е без малку 800 илјади евра од кои 260 илјади се наменети за македонската. од нив за Велес се 160 илјади евра а Прилеп 100 илјади евра
Најважниот аспект на проектот се градежните работи што ќе ги извршиме во детската градинка „ Димче Мирчев“. 82 илјади евра ќе бидат искористени за поставување на термоизолациони фасади за енергетска ефикасност во 5 објект, клоновите 2,3,4,5 и 6 во детската градинка „Димче Мирчев“.Со реализацијата на овој објект ќе заштедиме енергија, но истовремено ќе придонесеме во заштитата на околината и во практичната едукација на младите генерации -изјави градоначалникот на Општина Велес,Славчо Чадиев на прес конференција.
Учеството на Општина Велес во проектот е 22.719 евра, за што треба одлука да донесе општинскиот Совет. Со дел од средствата предвидена е изработка на Стратегија за енергетска ефикасност SEAF, која ги опфаќа сите објекти во сопственост на Општина Велес и ќе понуди долгорочни решенија за енергетска ефикасност.
Истата треба да биде во согласност со стандардите на ЕУ за изработка на SEAF. Општина Велес ќе добие и опрема за отворање на кацеларија за енергетска ефикасност во која во времетраењето на проектот работно ќе биде ангажирано едно лице од редовите на Општинската Администрација.
Tweet |