речник контакт

Потребна е изградба на нов железнички мост на река Црна, оти постојниот е времено саниран па се вози со 20 км на час

Причината за оштетувањето на двата столба на мостот во период од пет години е што се пушта поголема количина на вода. Тоа резултира со поткопување на темелите на мостот

Петар Печков

Ограничена е брзината за сообраќај на возовите по Железничкиот мост на реката Црна, кај Градско.  Таа е 20 км/ч. Иако и вториот носач на мостот беше  поправен по оштетувањето во ноември лани, раководството на Македонски железници превентивно  одлучи веднаш по  пуштањето во сообраќај, брзината да биде ограничена. 

Стручњаците предупредуваат дека е потребно да се гради нов мост на устието на реката Црна во Вардар.

„Постојниот мост има проблеми уште при самата изведба, со квалитет на вградените материјали, на место положбата.  Санацијата и на двата столба кои беа оштетени е времена, за да се одвива железничкиот сообраќај. Наша препорака е  изградба на нов мост. Од МЖ ни потврдија дека ќе започнат со проектирање во непосредна локација, во близина на постојниот,за да се санира трајно овој проблем и во иднина да не се случуваат слични инциденти, кои резултираат со сопирање на железничкиот сообраќај“ - вели  Дарко Наков проф. на Градежен факултет при УКИМ во Скопје.

Пред пет години се појави прв поголем проблем на истиот мост. Тогаш  на првиот столб  се случи „слегнување на темелите“ што се почувствува и на главните носачи па на пругата. Тој беше саниран. Лани во истиот временски период се случи истиот проблем но на средниот столб, кој  беше пропаднат  и мостот  кај овој столб  спушти за 24 см.  И во двата случаи причината е идентична, реката Црна.

„Ние како МЖ не можеме да влијаеме на  промената на режимот нивото на реката Црна. Водата се испушта во зависност од потребите. доколку еден од блоковите на РЕК Битола не работи,   се пушта поголема количина на вода. Тоа резултира со поткопување на темелите на мостот“ - рече  Владимир Трајковски од МЖ.

Тие планираат новиот мост да биде изграден на местото каде претходно имало мост, кој во 2005 бил исечен, но основите  постојат и може да се користат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »