речник контакт

Потсетување за задолжителна зимска опрема

Велешките полицајци превентивно ги потсетиле возачите, дека оваа обврска е на сила од неделата 15 ноември

Петар Печков

Понеделникот  на подрачјето на СВР  Велес беше реализарана превентивна активност „Вози безбедно со зимска опрема“.

Во соработка со Станиците за технички преглед, на различни локации во градските подрачја и надвор од населено место,  биле контролирани  повеќе возила и возачи за почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема. Таа започнува  од 15.11.2015 и  трае до 15.03.2016година.

Сите возачи кои немаа зимска опрема беа предупредени  и им беше укажано во иднина да ја почитуваат законската обврска, заради лична безбедност но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот - велат од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »