Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јуни 2008
На месноста Лопушник, на 13-ти јуни, со положување цвеќе и пригодна програма беше одбележана 65-тата годишнина од трагичната смрт на поетот и револуционер Коста Солев Рацин и 100 годишнината од неговото раѓање.
Лошото време, поројниот дожд, ветерот и ниските температури за овој ден, не беа пречка повеќе од 500 луѓе искрено и од срце, од Кичево, Другово, Прилеп, меѓу нив и бројни деца, да дојдат на врвот и му оддадат почест на Рацин.
Шестмина жители од Лазарополе, како и секоја година, така и оваа дојдоа по пет часовно пешачење низ шумски предели и нетрасиран пат на патронот на нивната земјоделска задруга, прва во Македонија и положија ретко ендемско цвеќе кое цути само во Лазарополе. Тие велат дека ова е аманет од нивните стари, да се додје на спомен обележјето на Рацин.
Впечатлив е култот што кон поетот се негува во овој дел од Македонија, па и покрај времето-невреме, шумата-прашума, луѓето со искрена желба да му се поклонат на Рацин не се штедат себеси да дојдат на врвот, од каде пука прекрасен преглед на славна Дебарца, Копачка и Западна Македонија.
Поради лошото време и недостапноста на теренот, присутните не беа во можност да го посетат местото на погибјето на Кочо.
Почит на Рацин му оддадоа градоначалниците на Велес, Кичево, Штип, Карбинци, организаторот на настанот општина Другово и висока делагација на АРМ предводена од бригадниот генерал Димче Петровски.
Од друга страна на 45-тите Рацинови средби, кои завршија во четвртокот, академик Георги Старделов, претседател на МАНУ ги прозва македонсктие државници.
- Не и личи на Македонија без нејзините први луѓе на 100 годишнината од раѓањето на Рацин и 65-тата година од трагичната смрт. Вака не се оддава почит на авторот на првата стихозбирка на македонски јазик изјави Старделов.

Tweet |