Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јули 2008
Од вчера (15 јули) Македонски Железници го пушти во сообраќај против пожарниот воз (ППВ), кој интервенира во случај на пожар покрај пругите на МЖ.
По тој повод на железничката станица во Велeс се одржа вежба на која учестуваа 12-те железничари, сите со курс за пожарникари кои преку лето работат на овој воз. Тој ќе биде во сообраќај до 30-ти септември. МЖ Има два такви воза со капацитет од 50 тони вода, едниот е во Трубарево-Скопје и ја покрива територијата до Кичево и Табановце, додека вториот е лоциран во Велес и ја покрива територијата на пругите до Кочани, Гевгелија и Кременица –Битола.
Според зборовите на раководителот на овој воз, Павле Ивановски секоја група ќе има по четири смени од по три пожарниакри кој ќе дежураат 24 часа, и во секој момент обезбедена локомотива, а освен што ќе гасат пожар покрај железничката пруга, тие можат од нивните вагони да препумпуваат вода во противпожарните возила , и така да се штеди на време. Ивановски вели дека ППВ на МЖ е подготвен и дека за разлика од лани кога имале многу работа, годинава се надева дека нема да имаат толку интервенции.

Tweet |