Петар Печков
Објавено: сабота, 30 октомври 2021
Не на 23 како што првично информираа, туку на 36 годишна возраст е девојката која почина во велешка болница, ноќеска од последиците на ковид-19. Таа е жител на велешкото село Иванковци а во Модуларната Болница била донесена на 23-ти октомври а на 28-ти е регистрирано дека е позитивна на корона вирусот. Од велешка Болница се извинија за ненамерната грешка.
„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“ - соопштија од велешка Болница. Таа е 223-та жртва на последиците од ковид-19 вирусот во велешко.
Во трите ковид одделенија од болницата, хоспитализирани се 38 пациенти, потврдено позитивни се 28, со негативен тест се девет но со потреба од болничко згрижување и еден пациент е непотврден. Во текот на изминати 24 часа примени биле тројца пациенти, сите на инфективното одделение а испишани како оздравени со по еден негативен тест биле шест пациенти. На кислородна поддршка се 19 лица. На Инфективно одделение хоспитализирани се 20, во Интерно четворица и во Модуларна болница 20 пациенти. Освен од велешко во овие одделенија згрижени се и пациенти од Свети Николе.
И додека бројот на пациенти кои се хоспитализираат во велешка Болница опаѓа, расте бројот на активни случаи во велешко, до вчера имаше 343, со што Велес е на трето место во земја, после Скопје и Куманово. Со порастот на бројот на активни случи, расте и интересот за вакцинација. Изминатата седмица прва доза примиле 125, што е далеку повеќе отколку претходените недели, втора доза 138 додека трета доза без малку илјада за пет дена -992 лица.
Изминатите 24 часа во велешко има 27 нови случаи на лица позитивни со ковид-19 а оздравени се 21. Активни случиа на лица со корона вирус во велешко се 348.
Tweet |